Хоншу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хоншу
Познат и како: 本州
Japan honshu map small.png
Хоншу
Географија
Место Источна Азија
Арипелаг Јапонски Архипелаг
Површина 227.962,59 км2
Подреденост по површина 7ми
Должина 1.300 km
Ширина 50–230 kм (160,000–750,000 ст)
Брегова линија 5.450 km
Највисоко издигнување 3.776 m
Највисока кота Фуџи
Управување
Јапонија
Најголема населба Токио (pop. 12,570,000)
Демографија
Население 103,000,000 (попис 2005)
Густина на население 447 /km2 (1.158 /sq mi)
Етнички групи Јапонци

Хоншу (јапонски: 本州 = „главен крај“) е најголемиот остров во Јапонија, кој се нарекува уште и јапонско копно. Се наоѓа јужно од Хокаидо преку преминот Цугару, северно од Шикоку и североисточно од Кјушу преу преминот Канмон. Тој е седмиот најголем остров и вториот најнаселен во светот по островот Јава во Индонезија.

Островот е долг приближно 1.300 км и се протега од 50 до 230 км во ширина, а неговата вкупна површина е 230.500 км2, и зафаќа околу 60% од вкупната површина на Јапонија. Хоншу има брег долг 5.450 км.

Хоншу е планинско-вулкански остров на кој има чести земјотреси. Најголемиот врв е активниот вулкан Фуџи, висок 3.776 м. Има многу реки, вклучувајќи ја и најдолгата јапонска река Шинано. Климата е варијабилна - од ладниот север до суптропскиот југ.

Бројот на населението изнесува 103.000.000 жители и е највеќе сконцентрирано во низините, особено во низината Канто. На Хоншу се наоѓаат најголемите јапонски градови: Токио, Кјото, Осака, Кобе, Хирошима, Сендај и Нагоја. Островот е поделен на пет региони и содржи 34 области, вклучувајќи го и Токио.